петок, 03 февруари 2012, 11:42
Македонија учесник на олимписките квалификации во ватерполо
Македонската ватерполо репрезентација го потврди учеството на олимписките квалификации, откако за настап во Едмонтон (Канада) се откажа Нов Зеланд.
Квалификациите ќе со одржат од 1 до 8 април, а извлекувањето на групите ќе биде на 19 февруари во Лондон. Македонија ќе биде рангирана во шестиот шешир.
Пласман на квалификациите од Европското првенство во Ајндховен, од Европа изборија репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија. На квалификациите ќе учествуваат уште: Канада (домаќин), Бразил и Куба од Пан Американските игри и Кина и Јапонија од Азиските игри. Место на квалификациите добија и Холандија и Македонија по отказот на други репрезентации.
На олимписките квалификации ќе настапат 12 репрезентации, а пласман на Олимписките игри во Лондон ќе изборат четирите првопласирани.