Rss feed

Останати Спортови

четврток, 02 февруари 2012, 18:57

Снегот ја одложи промоцијата на новиот болид на Ферари

Снегот ја одложи промоцијата на новиот болид на Ферари
Екипата на Ферари беше приморана да ја откаже промоцијата на болидот за претстојната сезона во Формула 1 поради обилните снежни врнежи и ниските температури во Италија.

Презентацијата беше закажана за утре во Маранело, но после откажувањето изгледот на новиот болид ќе биде откриен во понеделник на патеката Херез во Шпанија, пред почетокот на првите предсезонски тестирања.

“Ваква одлука донесовме поради лошото време и тешкотиите со кои би се соочиле фановите, членовите на тимот и медиумите“, се вели во краткото соопштение од Ферари.

Досега своите болиди ги претставија само Кетерем и Мекларен, додека останатите тимови тоа ќе го направат во следните денови, повеќето од нив кога ќе почнат тестирањата.

Ферари минатата сезона заврши на третото место во поредок кај конструкторите, додека Фернандо Алонсо беше четврти меѓу возачите, а Фелипе Маса шести. Овие двајца го сочинуваат возачкиот тандем и за претстојната сезона во Ф1 кој стартува со ГН на Австралија на патеката Алберт Парк на 18 март.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.