понеделник, 30 јули 2012, 10:11
Светска рекордерка нема да учествува во маратонот на Игрите игри во Лондон
Светската шампионка и рекордерка Пола Редклиф (Велика Британија) нема да учествува во маратонот на Олимписките игри во Лондон поради повреда на ногата.
"Редклиф е со повреда на ногата и по тестот денеска беше одлучено таа да не учествува во Олимпијадата, бидејќи нема да може да го даде најдоброто од себе", се вели во соопштението на федерацијата во атлетика на Велика Британија.
Пола Редклиф, 38-годишна, постави светски рекорд на маратонот во Лондон - 2:15:25 минути во 2003-та година.
Британката е светска шампионка од 2005-та година на маратон и освојувачка на сребрен медал на 10.000 метри од 1999-та.
Редклиф го пропушти маратонот на Олимпијадата во Атина 2004, а во Пекинг 2008 заврши 23-та.