вторник, 21 февруари 2012, 18:13
Кид го помина Џордан на листата најдобри крадци на топки во историјата на НБА
Плејмејкерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид, го помина легендарниот Мајкл Џордан на второто место на вечната листа на најдобри крадци на топки во НБА.
Кид во средината на втората четвртина на натпреварот против Бостон, стигна до 2.515 украдена топка во кариерата со што го зазеде второто место на листата на најдобри крадци притоа поминувајќи го шесткратниот шампион со Чикаго и еден од најдобрите играчи на сите времиња - Мајкл Џордан.
“Мајкл е сечиј идол. Самиот факт што го преминав во било што е огромна работа и чест. Џордан и Џон Стоктон се двајца играчи кои играа одлично на двата краја од теренот“, изјави по многу луѓе, најдобриот плејмејкер на сите времиња.
До крајот на натпреварот, тој украде уште две топки со што стигна до бројката 2.517, односно 748 помалку од поранешниот играч на Јута Џез, Џон Стоктон.