Rss feed

Кошарка

вторник, 21 февруари 2012, 10:03

НБА лига: Чикаго подобар од Атланта

НБА лига: Чикаго подобар од Атланта
Кошаркарите на Чикаго постигнаа уште една победа во борбата за подобар пласман во Источната конференција од НБА лигата совладувајќи ја Атланта со 90:79. Предводник на победата беше најдобриот играч од ланската регуларна сезона Дерик Роуз со 23 поени и 6 асистенции.

На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Њујорк – Њу Џерси 92:100, Милвоки – Орландо 90:93, Хјустон – Мемефис 97:93, Далас – Бостон 89:73, Денвер – Минесота 103:101 по продолжение, Јута – Сан Антонио 102:106, Феникс – Вашингтон 104:88, Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 103:92 и Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 104:97.

Вечерва се играат натпреварите:Кливленд – Детроит, Индијана – Њу Орлеанс, Мајами – Сакраменто, Мемефис – Филаделфија и Портланд – Сан Антонио.

Пласман во Источна конференција: Мајами 25-7 (победи-порази), Чикаго 26-8, Орландо 21-12, Филаделфија 20-12, Индијана 19-12, Атланта 19-13,...

Пласман во Западна конференција: Оклахома Сити 25-7, Сан Антонио 23-9, Далас 21-12, Лос Анџелес Клиперс 19-11, Лос Анџелес Лејкерс 19-13, Хјустон 19-14,...



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.