понеделник, 20 февруари 2012, 21:02
Коби во судир со управата на Лејкерси
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс остро ја критикуваше управата на својот клуб затоа што на По Гасол сеуште не му е соопштено дали останува или си оди од клубот.
Брајант по поразот во Феникс одржа виситински монолог пропратен од неколку псовки, а на главните луѓе во тимот им порача дека мораат што побрзо да му кажат на Шпанецот дали останува или ќе биде заменет во друг клуб.
“На играчот едноставно му е тешко да даде се од себе кога незнае дали ќе биде на истото место и утре. Најмногу би сакал да го задржат. Но ако сакаат да направат нешто, би посакал веќе да завршат со тоа. Ако не сакаат, нека кажат јасно и гласно дека не сакаат“, нервозно изјави Брајант.
Лејкерси вчеравечер загубија од Феникс со 102:90, но во еден момент губеа и со 27 поени разлика.