понеделник, 20 февруари 2012, 13:05
Никогаш повеќе нема да биде неверен, вети Коби Брајант, ако жена му го прими назад
НБА ѕвездата Коби Брајант им вети на својата сопруга Ванеса дека никогаш повеќе нема да ја изневерува, ако и овој пат таа го прими назад. Двајцата се во брак 11 години и се заедно од гимназиските денови, но неодамна поднесоа документи за развод, по уште едно неверство на кошаркарот.
Според американскиот интернет таблоид TMZ, во последниве три недели Коби прави сé што може за да ја разубеди Ванеса да бидат повторно заедно, и тој повторно да почне да живее со неа и со нивните две ќеркички.
Брајант ја “осипувал“ партнерката со скапоцености и многу други подароци. Иако Ванеса прифатила, и тврдела дека сака да му верува се уште не донела конечна одлука дали да му прости.
За голем чекор се сметаше нејзиното присуство на натпреварот на Коби и неговиот Л.А. Лејкерс на 14 февруари. Подоцна двајцата се бакнувале на трибините, и во тунелот кон соблекувалната. Официјалните информации тврдат дека двајцата разговараат за евентуалното враќање заедно.
Ванеса поднесе документи за развод во декември, но блиски извори до семејството велат дека двајцата се уште "навистина се сакаат". Коби и Ванеса имаат две деца - Наталија девет и Џана пет години.