Rss feed

Кошарка

понеделник, 20 февруари 2012, 10:48

Фени се врати на врвот на табелата, МЗТ на свој терен поразен од Лирија

Фени се врати на врвот на табелата, МЗТ на свој терен поразен од Лирија
Шампионот Фени Индустри повторно е лидер на табелата во кошаркарската Суперлигата, откако синоќа МЗТ Скопје Аеродром на свој терен е поразен од Лирија со 88:85 во натпревар со кој беше комплетирано 4.коло.

Фени Индустри во саботата во Кавадарци го победи Торус СЦ Борис Трајковски со 75:67, а во третиот натпревар од ова коло Работнички во својата сала загуби од Куманово со 98:92.

Табела: Фени Индустри 37 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 36, Торсу СЦ Борис Трајковски 33, Лирија 32, Куманово 29 и Работнички 27.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.