недела, 19 февруари 2012, 11:35
МЗТ Скопје ја пречекува Лирија во кошаркарската Супер лига
Екипата на МЗТ Скопје вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје е домаќин на тимот на Лирија во последниот натпревар од 4.коло од кошаркарската Супер лига. Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.
На вчера одиграните натпревари од ова коло во Кавадарци шампионот Фени Индустри ја победи екипата на Торус СЦБТ со 75:67, додека во салата „Градски парк“ во Скопје Работнички загуби од Куманово со 92:98.
Табела: Фени Индустри 37 бодови, МЗТ Скопје 35 (натпревар помалку), Торус СЦБТ 33, Лирија 30 (натпревар помалку), Куманово 29, Работнички 27.