Rss feed

Кошарка

петок, 17 февруари 2012, 19:40

Гасол: Мојата иднина во Лејкерси е неизвесна

Гасол: Мојата иднина во Лејкерси е неизвесна
Шпанскиот кошаркар и член на Лос Анџелес Лејкерс, По Гасол изјави дека неговата иднина во тимот од Л.А. е неизвесна.

“Секој ден слушам шпекулации за мој евентуален трејд. Да речеме, вчера читав сека постои можност за размена со Минесота. Се јавуваат и останатите тимови, но засега на тоа и се завршува. Секој ден на себе си велам да не мислам на тоа и максимално да се концентрирам на кошарката. Не размислувам за друг тим, но ако до тоа на крајот дојде нема да биде крајот на светот. Што повеќе, нов предизвик за мене“, изјави Гасол.

Пред почетокот на сезоната постоеше можност да дојде до голема размена меѓу Орландо и Лејкерс, во која Двајт Хауард би отишол во Лос Анџелес, додека Гасол би завршил на Флорида.

Сега најактуелна опција е Гасол да биде пратен во Минесота, а во друг правец би пристигнал Кевин Лав.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.