петок, 17 февруари 2012, 10:53
Чикаго подобар од Бостон во дербито на Источната конференција
Две победи за домашните и една за гостинските екипи е билансот на трите ноќешни НБА натпревари.
Индијана пред своите навивачи го совлада Њу Џерси со 93:88, додека Чикаго беше подобар од Бостон 89:80. Единствената гостинска победа ја оствари екипата на Лос Анџелес Клиперс совладувајќи го Портланд со 74:71.
Вечерва на програмата се 11 натпревари: Торонто – Шарлот, Орландо – Милвоки, Детроит – Сакраменто, Кливленд – Мајами, Филаделфија – Далас, Њујорк – Њу Орлеанс, Хјустон – Минесота, Мемфис – Денвер, Оклахома Сити – Голден Стејт, Јута – Вашингтон и Лос Анџелес Лејкерс – Феникс.
Пласман во Источна конференција: Чикаго 25-7 (победи-порази), Мајами 23-7, Филаделфија 20-10, Атланта 19-11, Орландо 19-11, Индијана 18-12, Бостон 15-14, Њујорк 15-15,...
Пласман во Западна конференција: Оклахома Сити 22-7, Сан Антонио 21-9, Лос Анџелес Клиперс 19-9, Далас 19-11, Лос Анџелес Лејкерс 17-12, Хјустон 17-13, Денвер 17-13, Мемфис 16-14,...