Rss feed

Кошарка

среда, 15 февруари 2012, 11:29

Победи за водечките екипи од Истокот и Западот во НБА лигата

Победи за водечките екипи од Истокот и Западот во НБА лигата
Екипите на Чикаго и на Оклахома кои се наоѓаат на првите позиции на табелите во Источната, односно Западната конференција од НБА лигата, ноќеска остварија победи на свој терен.

Чикаго со 121:115 беше подобар од Сакраменто, додека Оклахома убедливо со 111:85 ја победи Јута.

Постигнати резултати на другите седум ноќешни НБА натпревари: Торонто - Њујорк 87:90, Индијана - Мајами 90:105, Детроит - Сан Антонио 95:99, Мемфис - Хјустон 93:83, Денвер - Феникс 109:92, Портланд - Вашингтон 109:124 и ЛА Лејкерс - Атланта 86:78.

Пласман во Источната конференција: Чикаго 24-7 (победи-порази), Мајами 23-7, Филаделфија 20-9, Атланта 18-11, Орландо 18-11, Индијана 17-11, Бостон 15-12, Њујорк 14-15,...

Пласман во Западната конференција: Оклахома 22-6, Сан Антонио 20-9, ЛА Клиперс 17-9, Далас 18-11, ЛА Лејкерс 17-12, Денвер 17-12, Хјустон 16-13, Портланд 15-14,...

 



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.