среда, 15 февруари 2012, 11:26
Трето коло во кошаркарската Суперлига
На распоредот во кошаркарската Суперлига за денеска се предвидени натпреварите од 3.коло.
Лидерот на табелата, тимот на МЗТ Скопје Аеродром од 19 часот гостува во Куманово на истоимената домашна екипа.
Во скопски Сарај, Лирија ќе го пречека шампионот Фени Индустри. Почетокот на овој дуел е од 18 часот и 30 минути.
Колото ќе го отворат Торус СЦ Борис Трајковски и Работнички со натпреварот кој почнува во 18 часот, а ќе се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 33 бодови, Фени Индустри 33, Торус СЦ Борис Трајковски 30, Лирија 29, Куманово 26 и Работнички 25.