Rss feed

Кошарка

вторник, 14 февруари 2012, 13:17

Шарлот со 15-ти пораз по ред во НБА

Шарлот со 15-ти пораз по ред во НБА
Шарлот продолжува со катастрофалното претставување оваа сезона откако го нанижа и 15-тиот последователен пораз во НБА. Вчеравечер загубија со 89:98 од Филаделфија како домаќин.
 
Лу Вилијамс постигна 23 поени за "сиксeрс", Јанг додаде 20, а Холидеј постигна 19. Кори Маџет нанижа 22 поени за Шарлот.
 
Леброн Џејмс постигна 35 поени за Мајами Хит во победата со 114:96 над Милвоки Бaкс. Двејн Вејд додаде 22, а Марио Чалмeрс 19. Карлос Делфинo беше најпрецизен кај Бaкс - postigna 24 poeni.
 
Резултати од натпреварите во НБА одиграни вчеравечер:

Орландо - Минесота 102:89
Шарлот - Филаделфија 89:98
Њу Орлеанс Хорнетс - Јута Џез 86:80
Милвоки Бакс - Мајами Хит 96:114
Далас Маверикс - Лос Анџелес Клиперс 96:92
Голден Стејт - Феникс 102:96 Феникс




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.