Rss feed

Кошарка

недела, 12 февруари 2012, 11:39

Сан Антонио и Њу Јорк продолжуваат победнички, Шарлот со рекорден пораз

Сан Антонио и Њу Јорк продолжуваат победнички, Шарлот со рекорден пораз
Сан Антонио ја оствари седмата последователна победа во НБА по успехот со 103:89 над домаќинот Њу Џерси. Најкорисен за Спарс беше Гери Нил со 18 поени, а Тим Данкан го оствари деветтиот "дабл-дабл" во сезоната со 13 поени и 10 скока.

Иако тешко, шампионот Далас се справи со Портланд со 97:94 по две продолженија. Дирк Новицки го заврши натпреварот со 20 поени и 9 скока, вклучувајќи го и решавачки кош на 16,9 секунди пред крајот на второто дополнително време. Регуларното време заврши 81:81, а Новицки пропушти шут за победа со сирената.

Њујорк го потврди впечатокот дека се наоѓа во добра форма и ја постигна петтата последователна победа поразувајќи го домаќинот Минесота со 100:98. Извонредниот Џереми Лин продолжува со своето шоу, а против Тимбервулфс постигна 20 поени, заедно со 8 асистенции и 3 украдени топки и беше најзаслужен за победата на својот тим.

Лидерот во пацифичката дивизија Лос Анџелес Клиперс го победи најслабиот тим во лигата Шарлот со 111:86 како гостин. За домаќините ова е рекорден пораз во клупската историја, 14-ти по ред, а билансот им е 3 победи во 27 натпревари од почетокот на сезоната.

Останатите резултати од вчеравечер:

Индијана - Денвер 109:113
Кливленд - Филаделфија 84:99
Милвоки - Орландо 94:99
Сакраменто - Феникс 84:98



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.