Rss feed

Кошарка

петок, 03 февруари 2012, 19:54

Објавени стартерите за Ол-Стар натпреварот во НБА

Објавени стартерите за Ол-Стар натпреварот во НБА
Заврши номинацијата за стартерите за Ол-Стар натпреварот во НБА во НБА, кој ќе се одржи на 26-ти февруари во Орландо, Флорида.

Бекот на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант собра најмногу гласови од навивачите за тимот на Западната конференција - 1.555.479 гласови. Брајант се приклучи на големите имиња како Џери Вест, Карл Малоун и Шекил О'Нил, бидејќи по 14-ти пат во кариерата ќе биде стартер во Натпреварот на ѕвездите.

Кај центрите од Западот на 1-то место е Ендрју Бајнам од Лос Анџелес Лејкерс, кој собрал 1.051.945 гласови. Бекот на Клиперс Крис Пол има 1.138.743 гласови, додека Кевин Дурант од Оклахома има 1.345.566 гласа, а експлозивниот Блејк Грифин од Л.А. Клиперс ја завршува петорката со 876.451 гласа. Интересно е што дури четворица од првиот состав на Западната конференција доаѓа од Лос Анџелес.

На Исток Двејн Вејд од Мајами собра 1,334,223 гласови, неговиот соиграч Леброн Џејмс има 1.360.680 гласови, а Дерик Роуз од Чикаго - 1.514.723 гласови.

Во првата петорка се уште се и Кармело Ентони од Њујорк Никс со 1.041.290 гласа и Двајт Хауард од Орландо со 1.600.390 гласови. Седумте резерви ќе бидат одредени од 30-те тренери во Лигата.




 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.