петок, 03 февруари 2012, 11:48
Чикаго подобар на гостувањето кај Њујорк
Екипата со најдобар биланс во Источната конференција, Чикаго Булс постигна нова победа совладувајќи го Њујорк на негов терен со 105:102. Кај „биковите“ најдобар на теренот беше Дерик Роуз, кој имаше „дабл-дабл“ учинок со 32 поени и 13 асистенции.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Атланта – Мемфис 77:96, Сан Антонио – Њу Орлеанс 93:81, Сакраменто – Портланд 95:92, Лос Анџелес Клиперс – Денвер 91:112 и Голден Стејт – Јута 119:101.
Вечерва се играат десет натпревари: Торонто – Вашингтон, Филаделфија – Мајами, Орландо – Кливленд, Њу Џерси – Минесота, Детроит – Милвоки, Бостон – Њујорк, Хјустон – Феникс, Оклахома Сити – Мемефис, Далас – Индијана и Денвер - Лос Анџелес Лејкерс.
Пласман во Источна конференција: Чикаго 19-6 (победи-порази), Мајами 16-6, Филаделфија 16-6, Индијана 15-6, Атланта 16-7, Орландо 13-9,...
Пласман во Западна конференција: Оклахома Сити 17-4, Денвер 15-7, Лос Анџелес Клиперс 13-7, Сан Антонио 15-9, Далас 14-9, Лос Анџелес Лејкерс 13-9, Јута 12-9,...