петок, 03 февруари 2012, 11:40
Четири екипи со максимален учинок во фазата ТОП 16 од Евролигата
Четирите првопласирани екипи во групите од ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига имаат максимален учинок по трите одиграни натпревари.
На синоќа одиграните натпревари Монтепаски во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб постигна убедлива победа 91:68 против Уникаха како гостин. Мекејлеб за 24 минути постигна 13 поени.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: ЦСКА Москва – Галатасарај 85:70, Фенербахче – Панатинаикос 56:77, Канту – Макаби 82:74 и Барселона – Жалгирис 94:80.
Табела „Е“ група: ЦСКА Москва 3-0 (победи-порази), Олимпијакос 1-2, Галатасарај 1-2, Анадолу Ефес 1-2.
Табела „Ф“ група: Монтепаски 3-0, Реал Мадрид 2-1, Билбао 1-2, Уникаха 0-3.
Табела „Г“ група: Уникс 3-0, Панатинаикос 2-1, Фенербахче 1-2, Армани 0-3.
Табела „Х“ група: Барселона 3-0, Канту 2-1, Макаби 1-2, Жалгирис 0-3.