вторник, 21 февруари 2012, 20:30
Капитенот на Челзи аут за 2 месеци
Капитенот на Челзи, Џон Тери нема да може да игра во следните 2 месеци откако повредата на десното колено му е влошена и најверојатно ќе треба хируршка интервенција.
Централниот дефанзивец почувствувал болки во коленото за време на тренингот ова утро. Повредата тој ја доби пред еден месец во натпревар од ФА Купот против Портсмут (4:0).
Од лекарскиот штаб на Челзи се надеваат дека Тери може да игра против Наполи вечерва од 20:45 часот во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на Шампионите помеѓу двата тима, но тоа нема да се случи. Сепак, тој е со тимот во Неапол и ќе може да ја даде својата морална поддршка.