вторник, 21 февруари 2012, 19:03
Венгер го испрати Аршавин во вториот тим
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во последно време не смета на Андреј Аршавин. Специјалистот одлучи да го испрати напаѓачот во вториот тим на "топчиите" за денешниот дуел со Норвич.
Аршавин не се претставува убедливо од почетокот на сезоната, а Венгер прави сé што може за да му ја врати формата. Сега тренерот решил да му овозможи на напаѓачот да се манифестира во вториот состав.
Спомнуваме дека на крајот на јануари рускиот Анжи се обиде да купи Аршавин, но тогаш Арсенал одби. Сега "Дејли Меил" тврди дека со доаѓањето на Гус Хидинк на чело на тимот, Анжи ќе направи уште еден обид да го земе Аршавин.