вторник, 21 февруари 2012, 14:48
Шефовите на Вест Хем го барале Торес на позајмица
Сопствениците на клубот од Чемпионшип дивизијата Дејвид Голд и Дејвид Саливен признаа дека се обиделе да го земат на позајмица Фернандо Торес, но од "Стемфорд Бриџ" не се согласиле.
"Навистина се обидовме да го земеме Торес. Сакавме да го земеме на позајмица за еден месец. Штом во Премиер лигата не успеа да постигнува погодоци, можеби кај нас ќе му тргне. Но од Челзи беа категорични и не одбија", раскажува Саливан, а Голд потврдува, на социјалната мрежа "Твитер".
Од 20 одиграни натпревари во Премиерлигата оваа сезона Торес има само 2 гола на своја сметка.