вторник, 21 февруари 2012, 14:42
И Рафа Бенитез во игра за менаџер на Челзи
Рафаел Бенитез ја предводи листата на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович со кандидати за тренерската позиција на "Стемфорд Бриџ", вели печатот на Островот. Рускиот милијардер полека ја губи довербата во Андре Вила-Боаш.
Португалецот едвај ќе ја задржи работата по крајот на сезоната. Можно е тој да биде отпуштен и пред крајот на кампањата, ако тимот биде елиминиран од Наполи во осминафиналето во Лигата на Шампионите.
"Сините" се дури на петтата позиција во Премиер лигата, а освен тоа ќе го преигруваат натпреварот со второлигашот Бирмингем од ФА Купот.
Бенитез, кој го изведе Ливерпул до триумф во Шампионсата лига во 2005 година, за последен пат беше на чело на Интер, а минатата година не водеше тим.
Според англиските медиуми Абрамович верува во можностите на Бенитез да го оствари неговиот "сон" наречен Лигата на шампионите, како и да го прероди Фернандо Торес, со кого работеше на Енфилд во неговото време во Ливерпул.
Други професионалци кои се споменува за функцијата на Андре Вила-Боаш се поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело, како и тренерите на Валенсија и Атлетик Билбао - Унаи Емери и Марсело Биелса.