Rss feed

Фудбал

вторник, 07 февруари 2012, 10:42

На Енфилд без победник на дуелот Ливерпул – Тотенхем

На Енфилд без победник на дуелот Ливерпул – Тотенхем
Последниот натпревар од 24. коло од Премиер лигата одигран синоќа меѓу Ливерпул и Тотенхем заврши без голови 0:0. „Црвените“ од Енфилд имаа повеќе шанси за победа, но најдобрата ја имаше гостинскиот играч Герет Бејл во 85.минута, а голманот на Ливерпул Пепе Реина успеа да одбрани.

За екипата на Ливерпул ова беше продолжување на серијата нерешени резултати на домашен терен, од 12 натпревари – 8 одигра нерешено , а победил само на четири.

Со освоениот бод Тотенхем се зацврсти на тертото место со 50 бодови, зад водечката двојка Манчестер Сити 57 бодови и Манчестер Јунајтед 55.

Ливерпул е на седмата позиција со 39 бодови, а пред него се Челзи на четвртото место со 43 бодови, Њукасл 42 и Арсенал 40.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.