Rss feed

Формула 1

понеделник, 20 август 2012, 10:28

Од Ред Бул се пожалија: Забраната за издувните дифузери му пречи на тимот

Од Ред Бул се пожалија: Забраната за издувните дифузери му пречи на тимот
Техничкиот директор на Ред Бул Едријан Нуи изјави дека светските шампиони имаат сериозни тешкотии по забраната на издувните дифузери.

Оваа сезона за тимот од Милтон Кинс радикално се разликува од претходната, кога нивната доминација на патеката беше убиствена. Иако и сега водат на табелата кај конструкторите, Фернандо Алонсо со Ферари е лидер кај пилотите.

Нуи го препиша тоа на промените во регулативите кои се однесуваат на системот за издувни гасови, кои беа воведени во текот на зимата.

"Ситуацијата се разви на начин од кој стравував пред почетокот на сезоната", изјави техничкиот директор.

"Во текот на минатите две години ние ја развивме доста сериозно технологијата и кога тоа ни е одземено, заедно со другите промени како флексибилноста на предното крило, тоа боли многу".

Тешкотиите пред Ред Бул, сепак не завршија  тука, откако Меѓународната автомобилистичка федерација побара од нив веднаш да ги менуваат мапите на моторите по објаснување на Правилникот.

"Ние работевме со Рено и неочекувано се сопнавме пред тоа објаснување што е различна интерпретација на тоа, на што ние работевме. Таква е тековната состојба и ќе треба да се вратиме назад, за да фрлиме нов поглед на работите", додаде Нуи.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.