Rss feed

Спорт

среда, 22 февруари 2012, 18:19

Кол: Поради лошата тактика на тренерот, нема да освоиме ниту една титула

Кол: Поради лошата тактика на тренерот, нема да освоиме ниту една титула
Фудбалерот на лондонски Челзи, Ешли Кол остро го критикуваше менаџерот на тимот Андре Вила-Боаш, изјавувајќи дека тој е главен виновник поради кој екипата нема да освои ниту еден трофеј оваа година.

Челзи е поразен од Наполи со резултат од 3:1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите и има минимални шанси да го надополни заостатокот на реваншот за две недели во Лондон.

Според таблоидот Сан, уште пред мечот настанала караница меѓу играчите, па така Вила-Боаш решил да ги остави на клупа Лампард, Есјен и Кол.

“Дојдов овде да освојувам трофеи, но тоа нема да се случи поради лошата тактика на тренерот“, изјави Кол по натпреварот со Наполи.

Англиските медиуми наведуваат дека веќе ништо неможе да го спаси Португалецот на клупата на Челзи и дека се во прашање денови кога ќе добие отказ.



 

Курсна листа

ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,33 61,63 61,94
CHF 51,06 51,32 51,57
USD 48,10 48,34 48,58
Цела курсна листа

Временска прогноза

вторник

макс: 15º
мин: 11º
ветер: С/A N/A km/h
влажност: N/A%
врнежи: 20%

среда

макс: 21º
мин: 7º
ветер: И 13 km/h
влажност: 68%
врнежи: 90%

четврток

макс: 23º
мин: 8º
ветер: И 13 km/h
влажност: 52%
врнежи: 10%


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.