среда, 22 февруари 2012, 17:12
Снајдер: Јас сум супер, Интер - не
Фудбалерот на Интер Весли Снајдер изјави дека и покрај исклучително непријатната серија на "нероазурите" во последните седмици, тој се наоѓа во одлична форма.
За играта на холанѓанецот под водство на Клаудио Раниери се говори доста, но според самиот Снајдер проблем со неговото претставување не постои.
"Јас ќе бидам првиот човек кој ќе си признае, ако не давам максимум од себе и не се представувам доволно добро. Колку чудно и да звучи, со оглед на поразите кои тимот ги реди сепак, не мислам дека во моментов нешто не е во ред со мене" , изјави Снајдер.
"Се наоѓам во одлична форма. Првиот допир, пасовите ми се одлични. Меѓутоа се зависи од напорите и презентација на целиот тим."
"Тешко е да блескаш кога тимот страда. Со малку повеќе среќа, можев да имам осум асистенции во последните два дуели", истакна холандската ѕвезда.
Пред холандскиот печат го Снајдер коментираше и претстојното Европско првенство велејќи дека има доволно време "лалињата" да влезат во форма.
"Ни претстои долга подготовка за Евро 2012. Дури момчињата кои не играат редовно во клубови ќе имаат уште доволно шанси да го заслужат своето место во составот. Најважен е тимот, а не индивидуалци", заклучи Снајдер.