среда, 22 февруари 2012, 13:36
Барселона има план Б доколку Пеп одлучи да замине
Раководството на Барселона е осигурало резервни варијанти ако Хосеп Гвардиола откаже да го обнови договорот, соопшти Marca. Спортскиот директор на клубот Андони Субисарета подготвил огромна листа со имиња на тренери. Од клубот се подготвени да воспостават контакт со некој од нив, ако Гвардиола да го напушти тимот по крајот на сезоната.
"Правиме се што е можно за да го задржиме Гвардиола, но сепак тоа е негово решение. Не треба да заборавиме дека клубот е над сите", објасни претседателот на клубот Сандро Росел.
Има неколку имиња на кои Субисарета се сконцентрирал. И покрај тоа што се уште не разговарал со никој од нив, идејата е да се продолжи линијата на развој наметната од Гвардиола.
Според објавените информации во Marca, меѓу можните заменици на Гвардиола се: Андре Вила-Боаш, Марко ван Бастен, Луис Енрике, Оскар Гарсија и други.
Мислењето на раководните фактори е дека токму овие специјалисти ќе можат да го раководат успешно тимот. Тие сметаат дека тоа се тренери со доволно искуство кои ќе можат да ги мотивираат играчите.
Природна опција е и актуелниот помошник тренер Тито Виланова. Тој одлично го познава составот и можностите на фудбалерите. Но сите имаат предвид една голема опасност - ако Пеп си замине, веројатно Тито ќе го следи.