среда, 22 февруари 2012, 13:27
Нани потпишува нов договор со Јунајтед
Луис Нани ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, пишува таблоидот Сан.
Новиот договор ќе биде за четири сезони, а крилото на "црвените ѓаволи" ќе добива плата од 130 илјади фунти неделно.
Летото 2007 година Нани премина од Спортинг во Јунајтед и во наредните сезони стана клучен играч за шампионот на Англија.
Договорот на Нани со Манчестер Јунајтед ќе биде до летото 2016 година. Во моментов 24-годишниот португалец зема 90 илјади фунти неделно.
Во последните неколку години италијанските гиганти Јувентус, Милан и Интер сакаа да го купат Нани, но раководството на англискиот шампион ги отфрли сите понуди за него.