вторник, 21 февруари 2012, 19:08
Роман Абрамович го сака Радамел Фалкао во Челзи
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е дефинитивно импресиониран од напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао.
Фалкао е препорачан на рускиот олигарх од менаџерот на "Сините", Андре Вила-Боаш, кој работел со колумбиецот во Порто.
Сега Абрамович ги насочува напорите за Фалкао, откако неодамна неговиот тим има недостаток на голови. Уште повеќе, сопственикот на Челзи го гледа трансферот на Фалкао како поприоритетен во однос на оној на Халк.