вторник, 21 февруари 2012, 14:51
Зенит извадил одлична понуда за Снајдер, тој одбил
Рускиот Зенит имал исклучително висока понуда во текот на зимата за полудефанзивецот на Интер Весли Снајдер, но холандскиот репрезентативец ја одбил, откри тој.
"Тие (Русите) беа подготвени да стигнат навистина далеку во желбата да ме привлечат. Немаше апсолутно ништо погрешно во нивната понуда", изјави Снајдер за "Voetbal International".
"Како и да е, не мислам дека е вистинскиот момент за мене да го напуштам Интер", рече плејмејкерот за кој освен Зенит интерес имаат уште Манчестер Јунајтед и Анжи Махачкала.
Тренерот на Интер Клаудио Раниери пак не може на теренот да му најде место на Весли Снајдер и често го држи играчот на клупата, додека Интер игра лошо и губи натпревар по натпревар.