четврток, 10 февруари 2011, 15:40
″Биберчиња, бисерчиња“
Кој е кој, и што е што, е објаснето во емисијата за најмалите,″Биберчиња, бисерчиња ″.
Преку приказни и сказни се учи за струки разни. За еден пекар, слаткар и лекар, за еден......шнајдер, фризер и ..... се е кажано модерно за да не е здодевно.
Многу умни пораки и народни поговорки како бисери ќе се нанижат во нашата НАЈ емисија . Гледајте не и ќе видите како се случува детство, и лево и десно! И дома. И во соседство.
И таму се е кажано
БИСЕР ДО БИСЕР, ТЕЧНО.
ЗА ДА НИ ОСТАНЕ ВЕЧНО.
Автор на емисијата Радмила Гиевска