Објавено на 02.02.2012, од Миле
Дали имам право да кажам?
Многу ме растажува и разгневува фактот што Чомоски повторно ми ја пика раката во џепот и за мои пари, во редовни неделни термини, ме навредува. Лесно ми беше додека тој беше дел од екипа на А1, здружена во нејзиниот субвезивен потфат за дестабилизација на Македонија. Беше доволно да ја исклучам програмата на странските непријателски пропаганди во Македонија и да не гледам реклами на таа телевизија. Сега УЈП ми дише во вратот . Знам дека ништо не можам да сторам, освен да си пукнам од мака како кстен . Ама се надевам дека ќе ми олесни ако кажам. Според мене Чомоски не е добронамерен човек. Јас не би сакал да го гледам на телевизијата за која плаќам телевизиска такса.