Rss feed

Емисии

петок, 21 јануари 2011, 13:42

Лексикомани

Лексикомани
Македонската радиотелевизија, почнувајќи од 6 ноември 2010 година, на Првиот програмски сервис на МТВ, за своето гледалиште, емитува ТВ серија во 3Д-анимација со наслов “ЛЕКСИКОМАНИ”.

Оваа интересна анимирана серија се емитува секоја сабота и недела, пред централниот Дневник или во 19.20 часот, а се репризира секоја недела во 9.10 часот.

Серијата обработува лексеми од Толковниот речник на македонскиот јазик, со цел да ги афирмира кај широката публика и да го поттикне правилното учење на македонскиот јазик, поради што е наменета на целните групи од 7 до 77 годишна воздраст.

Како анимирана ТВ продукција на јазик што го разбираат и помладите од 7 години, можно е да ја привлече љубопитноста и на најмладите гледачи. Овој анимиран ТВ проект е во продукција на МРТ, а во соработка со Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”.

“Лексикомани” низ куси епизоди ги прикажува другарувањето и авантурите на една четиричлена дружина млади и љубопитни “истражувачи” на лексиката, кои преку дневни случувања и настани обработуваат лексеми од Толковниот речник на македонск јазик.

Гласовите на актерите во анимираните актери во серијата се “позајмени” од: Марија Ристеска; Мартин Младеновски;  Влатко Тошевски и Виктор Стефановски - членови на Детското драмско студио на МРТ, под водство на Софија Гогова Врчаковска.

Носител на проектот е Образовната програма на МТВ; уредник на серијата е Татјана Ласковска; драматург е Ивана Нелковска; аниматори се Раде Дичоски и Љупчо Житолански, а продуцент на серијата е Горан Цветковиќ.







 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.