вторник, 21 февруари 2012, 20:40
Авокадото ги заменува антибиотиците
Авокадото е плод, кој може да заштити од различни инфекции и да ги замени антибиотиците.
Авокадото содржи природна материја што ги елиминира бактериите - најчестата причина за инфекции во раните, особено по операција.
Водечкиот автор на студијата Џејмс Хелер од Универзитетот во Копенхаген објасни дека за најдобар резултат може да се комбинираат авокадото со традиционалните антибиотици.
Утврдено е дека плодот спречува понатамошно ширење на бактерии и на тој начин ја запира прогресија на болеста.
Во Чиле жителите ги користат лисјата на авокадото за лекување на рани. Во иднина експертите ќе се обидат да создадат лек за борба со резистентни бактерии како стафилококи, кои не се лекуваат дури ни со антибиотици.