Rss feed

Шоу Бизнис

среда, 22 февруари 2012, 11:11

Цеца денеска повторно на слобода по осум месеци во домашен притвор

Цеца денеска повторно на слобода по осум месеци во домашен притвор
Српската фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ - Цеца денеска ќе биде пуштена на слобода по осум месеци минати во домашен притвор, поради злоупотреба на трансфери на фудбалери од фудбалскиот клуб „Обелиќ“.

Денеска на Ражњатовиќ ќе и биде извадена електричната алка, кој ја носеше на ногата од 23 јуни минатата година и со која се следеше нејзиното двиежење, ограничено само во домот во кој живее.

Пејачката помина осум месеци во домашен притвор, откако во пресудата од една година затвор беше вклучено и времето минато во притвор за време на операцијата „Сабја“ во 2003 година.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.