Rss feed

Шоу Бизнис

среда, 22 февруари 2012, 11:57

Меџик Џонсон стартува со ТВ програма за афирмација на Афроамериканците

Меџик Џонсон стартува со ТВ програма за афирмација на Афроамериканците
Великанот на американската и светска кошарка Ирвин „Меџик“ Џонсон стартува кабелска телевизија под името „Aspire“, која ќе биде наменета за Афроамериканците.

Џонсон (52), член на кошаркарската куќа на славните од 2002 година, изјави дека има за цел да емитува програма кој ќе им даде шанса на Афроамериканците кои не успеале да си ја најдат среќата во Холивуд, како и за подобрување на нивниот имиџ, бидејќи ќе емитува приказни кои се напишани, продуцирани и режирани од Афроамериканци.

„Aspire“ 24 часа на ден ќе емитува содржини кои ќе претставуваат комбинација од филмови, телевизиски серии, комедии, музички емисии и верска програма. Со емитување ТВ станицата ќе започне на 30 јуни.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.