Rss feed

Наука и Технологија

среда, 22 февруари 2012, 16:39

Електричните стимуланси ја забрзуваат работата на мозокот

Електричните стимуланси ја забрзуваат работата на мозокот
Електричните стимуланси ја поттикнуваат мозочната активност и го олеснуваат истакнувањето на талентот, се наведува во една студија објавена во научното списание „Њу Сајнтист“.

Авторката на студијата Сали Аде дошла на идеја да ја искористи технологијата за да го олесни истакнувањето на талентот. Таа се подложила себе си на експеримент кој се состои во напојување на мозокот со електрични стимуланси додека играла видео игри.

- Беше применет слаб електричен шок за да се деполаризираат мембраните во неуроналниот регион и мозочните ќелии да станат почувствителни на надворешните надразнувања, објаснува Аде.

Според неа, на овој начин може да се поттикне создавањето нови протоци на неурони за време на некои активности со што значително се забрзува работата на мозокот.

Нејзиното истражување оди во прилог на новата научна тенденција која по секоја цена сака човековиот мозок да го прилагоди  на барањата на се позабрзаното темпо на денешницата.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.