Rss feed

Наука и Технологија

среда, 22 февруари 2012, 16:37

Над 7 милиони луѓе ја потпишаа петицијата на Google за слобода на интернетот

Над 7 милиони луѓе ја потпишаа петицијата на Google за слобода на интернетот
Над седум милиони луѓе ја потпишаа „онлајн“ петицијата на Google против нацрт-законот за запирање на интернет пиратеријата и заштита на интелектуалната сопственост.

Европските активисти се надеваат дека ќе искористат и сличен притисок за да го запрат меѓународниот Договор за борба против фалсификување (АКТА), со кој би требало да биде прекината илегалната трговија со стоки заштитени со авторски права и заштитни знаци.

Противниците на овој договор сметаат дека тој ќе ја поткопа слободата на интернет и ќе ги запре иновациите.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.