За МРТ


Македонската радио телевизија (МРТ) е јавно претпријатие, чиј основач е Собранието на Република Македонија. Нејзината законски дефинирана дејност се состои во производство и емитување радио и телевизиска програма од сите жанрови кои треба да ги задоволат информативните, културните, образовните и рекреативните потреби на граѓаните на Република Македонија.Во својот состав Македонската радио телевизија ги има следниве организациони делови: Македонско радио, Македонска телевизија, Ресурси за продукција и Заеднички функции на МРТ. Со новата организациона поставеност востановени се заеднички сектори и редакции, не само поради рационализација на трошоците туку пред се поради создавање интегрирана програма од јавен интерес, започнувајки од секторот Вести, заедничката Архива, редакцијата за Мултикултурна програма, редакција за Мултијазична програма и останатиРаботата на Македонското радио  започнала на 28. декември 1944 г., тогаш под името Радио Скопје, со пренос од седницата на Второто заседание на АСНОМ (законодавно тело на штотуку формираната Република). Овој датум се одбележува како Ден на МРТ.

За официјален почеток на работата на Македонската телевизија (порано Телевизија Скопје) се смета 14. декември 1964 г.

Во 1993 г. Македонската радио телевизија се издвојува од Заедницата на Југословенските радио телевизии.
Со Законот за радиодифузна дејност (24.април 1997 г.), Македонската радио телевизија е поделена на два дела: Македонска радиодифузија и Македонска радио телевизија.
Според член 77 од Законот за радиодифузија, на Македонската радио телевизија и припаѓа 61% од прибраната радиодифузна такса. Македонското радио дневно емитува 86,5 часа програма на своите три програми и на Сателитската програма. На првата програма зрачи непрекината 24-часовна програма. На втората програма- Радио 2 емитува 16-часовна програма од 06 до 22 часот, а потоа продолжува Третата програма од 22 до 02 часот (4 часа програма), а од 02-06 часот програма емитува канал 103.

Сателитската програма на Македонското радио (од 31.07.2003 г.) емитува 24 часовна непрекината програма што е избор на емисии од програмите на Македонското радио и оригинална програма "Радио Македонија" во траење од 6 часа и 30 мин.
Македонското радио емитува програми на сите јазици на немнозинските заедници во Република Македонија и тоа: на албански јазик (од 1948г.) - 8,5 часа; на турски јазик (од 1945г.) - 5 часа; на влашки јазик (од 1991г.); на ромски јазик (од 1991г.); на српски јазик (од 2003 г.) и на бошњачки јазик (од 2003г.) по 30 минути на ден, а се емитуваат и емисии на бугарски, грчки и српски јазик во терминот на "Радио Македонија".
Македонското радио емитува своја програма и на Интернет.
Македонската телевизија дневно емитува 73 часовна програма на своите три канали и на Сателитскиот канал.
На Првиот канал емитува непрекината 24-часовна програма.
На Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и бошњачки јазик.
Третиот канал е формиран во 1991 г., тогаш како експериментален канал, а сега е наменет за активностите на Собранието.
Сателитскиот канал постои (од 2000 г.) емитува непрекинато 24-часовна програма, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма во траење од 0,5 часа.



МРТ © 2010 - Сите права се задржани.