Rss feed

Свет

среда, 22 февруари 2012, 15:12

ЕК бара од Судот на ЕУ став за АКТА

ЕК бара од Судот на ЕУ став за АКТА
Европската унија го достави до Судот на ЕУ, договорот АКТА (Трговски договор за борба со пиратеријата - Anti-counterfeiting Trade Agreement - АСТА). Тоа го соопшти еврокомесарот за трговски прашања Карел де Гухт.

Тој прецизира дека заради јавна дебата е неопходно судот да оцени дали тој договор е закана за основните слободи, вклучително и слободата на изразување.

- Очекуваме судски став од највисоката судска инстанца во ЕУ, иако сме убедени дека во сегашниот облик, документот не би предизвикал никакви промени во практика во ЕУ, изјави еврокомесарот. Според него, АКТА нема да го промени начинот на употреба на интернетот.

- Сакаме Судот да ја оцени законитоста на договорот, изјави Де Гухт.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.