Rss feed

Свет

среда, 22 февруари 2012, 15:10

Русија предлага ОН да испрати специјален претставник во Сирија

Русија предлага ОН да испрати специјален претставник во Сирија
Русија се надева дека партнерите од Советот за безбедност на ОН ќе поддржат иницијатива на Москва во Сирија да биде испратен специјален претставник на генералниот секретар на светската организација.

- Сериозно стравуваме за хуманитарната ситуација во Сирија, истакна портпаролот на руското МНР Александар Лукашевич. Според него, Русија предложила генералниот секретар на ОН по барање на СБ да испрати свој претставник во Сирија со цел „да биде утврдена вистинска состојба на нештата“ и за одржување средби „со сите страни вклучително и сириската Влада, за да се гарантира безбедно доставување хуманитарна помош“.

- Русија ги поддржува напорите на Црвениот крст за постигнување двочасовно дневно примирје во Сирија за доставување хуманитарна помош, истакна тој.

Сириската опозиција денеска побара од меѓународната заедница формирање „заштитни зони“ во Сирија.

- Повикуваме за итна хуманитарна помош за реоните најтешко погодени од конфликтите и формирање заштитни коридори за хуманитарни конвои. Тие може да се обезбедат ако Русија се ангажира да го натера режимот да гарантира безбедност, се вели во пораката од сирискиот национален совет.

На конференцијата на пријателите на Сирија која ќе се одржи в петок во Тунис, Сирискиот совет ќе се обиде да обезбеди добивање хуманитарна помош и создавање  зона на безбедност во внатрешноста на Сирија, објави претставник на Советот.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.