Rss feed

Свет

среда, 22 февруари 2012, 15:05

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Силен земјотрес со интензитет 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска реонот на Молучките Осттови во источниот дел на Индонезија, но нема е опасност од појава на цунами, соопшти индонезискиот Институт за метеорологија и геофизика.

Епицентарот на потресот бил на 100 километри североисточно од округот Југоисточен Молуку на длабочина од 14 километри под морското дно.

Нема извештаи за евентуални жртви или причинети метријални штети.

Индонезија се наоѓа во областа наречена „Пацифички огнен прстен“ во кој има зачестени вулкански и сеизмички активности, затоа што ова подрачје се наоѓа на спојот на две тектонски плочи.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.