среда, 22 февруари 2012, 15:01
Над 7.600 жртви во насилствата во Сирија од март досега
Над 7.600 лица, претежно цивили, загинале во насилствата во Сирија кои избија во март минатата година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
- Меѓу жртвите има 5.542 цивили, 1.692 војници и луѓе од службите за безбедност, како и околу 400 дезертери, изјави Рами Абдерахман, директор на организацијата со седиште во Велика Британија.