Rss feed

Свет

среда, 22 февруари 2012, 14:58

Петмина загинати во антиамерикански протести во Авганистан

Петмина загинати во антиамерикански протести во Авганистан
Најмалку пет лица загинаа, а над 30 се повредени за време на антиамерикански демонстрации во Авганистан организирани во знак на протест поради вчерашното палење на Коранот во база на НАТО во земјата.

Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека еден демонстрант е убиен во Кабул, еден во градот Џалабабад и тројца во провинцијата Парван.

На протестите во Кабул, авганситанските сили за безбедност пукаа во воздух за да ја растераат толпата која се собра пред станбениот комплекс за странци Грин Вилиџ во околина на градот

Демонстрантите опожариле автомобил пред комплексот, како и дел од Грин Вилиџ. Според очевидец, пожарот уништил дел од пансионот во комплексот, каде што живеат и работат 1.500 претежно странски работници.

Учесниците на протестот скандирале „Смрт за Америка“.

На местото на протестите пристигна и началникот на градската полиција Мохамад Ајуб Саланги, заедно со стотици полицајци во обид да ја смират ситуацијата.

На неколку километри од таму, стотици демонстранти се собраа пред воената база „Кемп Финикс“ и фрлаа камења врз објектот. Западни медиуми јавуваат и за регистрирани истрели при тој инцидент.

Демонстрации имало и пред универзитетот во западниот дел од Кабул.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.