Rss feed

Хроника

среда, 22 февруари 2012, 14:29

МВР Билтен

Во Скопје вчера околу 11,30 часот во просториите на ОУ„Ибе Паликуќа“ село Бојане, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со извршен физички напад од страна Е.М.(1969) од село Бојане, кој физички го нападнал Н.И.(2001) од село Бојане бб-Скопје.

Како што денеска соопшти МВР, откако  се виделе меѓусебно Е.М. со шлаканици го удирал ученикот во пределот на лицето, а причината била караница помеѓу Н.И. и синот на Е.М. која се случила  на ден 20.02.2012 година. На Н.И. укажана му е лекарска помош во  Поликлиника-Букурешт, каде што од страна на доктор констатирана му е телесна повреда. Полициската станица-Карпош превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 21.02.2012 година околу 13.40 часот во Скопје, на ул.„Методија Митевски“ во ТЦ „Рајко Жинзифов“ во пошта бр.1117 од страна на непознато лице со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработените Т.Д.(1950) и Н.К.(1965), двете од Скопје при што се одземени околу 31.116 днари. Разбојништвото е извршено на тој начин што сторителот влегол во поштата кога внатре немало посетители и на вработените им наредил да му ги дадат парите, по што се оддалечил во непознат правец. Полициската станица-Бит Пазар превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 21.02.2012 година во 13,05 часот, во Скопје, во штедилница „Интер Фалко“ лоцирана на бул.„Партизански Одреди“ бр.123, од страна на 3 непознати машки лица извршено е разбојништво при што се одземени 1.000.000 денари. Имено, разбојништвото е извршено на тој начин што едното лице кое било вооружено со пиштол, влегло внатре во штедилницата, прескокнал преку стаклениот пулт, ја отворил вратата од канцеларијата, по што и другите две лица влегле внатре, а потоа им се заканиле на вработените со зборовите. Ги земале парите од сефот, кој бил отворен, и се упатиле кон ТЦ „Антико“. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

На 20/21. 02. 2012 година во времето од 19.00 до 06.30 часот во Гостивар, во ДООЕЛ „Лидо Вестерн јунион“ лоцирана на бул.„Браќа Ѓиновски“ од страна на непознати сторители кои насилно ја отвориле влезната врата,одземен е метален  сеф во кој имало околу 5.000 евра. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица- Гостивар при што од лице место се подигнати траги од папиларни линии. Полицијата во Гостивар превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ноќта помеѓу 20/21.02.2012 година, во Гостивар на бул. „Браќа Ѓиноски“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во ДОООЕЛ „Лидо“-Агенција за брз трансфер на пари „Вестерн Јунион“, сопственост на М.С., при што од металниот сеф одзел околу 5.000 евра. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Ноќта помеѓу 20/21.02.2012 година, во Скопје на ул. „Че Гевара“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, од каде од девет компјутери одзел делови и тоа матични плочи, пап мемории, процесори, хард дискови, ДВД режачи и електронско напојување, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 127.500 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Во периодот од 27.01. до 30.01.2012 година, во скопското село Кондово, непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден предмет извршил тешка кражба во ОУ „Бајрам Шабан“, одземајќи 27 монитори и едно куќиште од компјутер, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 187.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против Н.З.(38) од Прилеп за сторено кривично дело „измама“. Во октомври 2010 година, И.Е.(38) од село Воѓани на пријавениот му продал патничко возило „фиат браво“ за износ од 2.200 евра, кој  требало да му ги исплати на две рати, а потоа И.Е. да му го префрли возилото во негова сопственост, но пријавениот откако го зел возилото, не му го исплатил договорениот износ.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.И.(54) од Струмица, за сторено кривично дело „измама“. Во ноември 2011 година, пријавениот како управител на ТА „Путник травел“  довел во заблуда две лица од Струмичко дека ќе им обезбебеди авионски карти за патување на релација Скопје-Цирих, за што оштетените му платиле 14.252 денари, но картите не им биле дадени.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.