среда, 22 февруари 2012, 14:23
Супермаркет вo францускиот град Тулуз одбил да услужи Романци
Нов случај на дискриминација на Романците во Франција - супермаркет од синџирот „Лидл“ во францускиот град Тулуз одби да услужи романски државјани, објавуваат денеска весниците, повикувајќи се на материјал, објавен во францускиот весник „Јуманите“.
Одлуката била донесена од раководството на супермаркетот пред една година. Во 2010 година супермаркетот во Тулуз регистрирал најголеми загуби во целиот југозападен реон на Франција, за кој менаџерите не можеле да најдат објаснување.
Во близина до продавницата имало камп на Роми од Романија, кои живееле во дрвени бараки, што дало повод на раководството на супермаркетот да ги објасни загубите со кражби на производи од страна на Романците.
Како резултат на тоа управникот на продавницата наложил дискриминирачки указ - издал усна наредба на персоналот да не ги опслужува повеќе Романците, кои живеат во кампот кој се наоѓал во близина.