Rss feed

Балкан

среда, 22 февруари 2012, 11:48

Европската инвестициска банка бара грчките службеници во ЕУ да помогнат

Европската инвестициска банка бара грчките службеници во ЕУ да помогнат
Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер во интервју за денешниот број на германскиот весник „Ханделсблат“ предложи Европската комисија да даде специјален одмор на грчките службеници, за да можат да работат за реформите во земјата.

- Европската комисија би можела да даде одмор на грчките службеници, кои ќе ги зачуваат сите права, за да заминат во земјата и да помогнат за практична примена на неопходните длабоки структурни реформи, предложи Германецот Хојер, кој неодамна го презеде управувањето на ЕИБ.

- Не може да се очекува кој знае што, ако само Германците или други Европејци од северните земји ги објавуваат лошите вести во Грција, појасни претседателот на ЕИБ.

- Во цела Европа живеат интелектуалци, економисти, претприемачи и правници Грци, кои би можеле да помогнат за обнова на земјата, во ЕК и во други европски институции исто така има високо квалификувани Грци, додава Хојер.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.