Rss feed

Ракомет

среда, 22 февруари 2012, 20:06

Металург со голот на Мојсовски во последната секунда го победи Борац

Металург со голот на Мојсовски во последната секунда го победи Борац
Македонскиот шампион Металург на домашен терен во салата „Автокоманда“ ја совлада екипата на Борац со 26-25 (полувреме 13-12) во натпревар од 17-тото коло од регионалната СЕХА лига.

Во драматична завршница, на 3 секунди пред крајот, Наумче Мојсовски го постигна победоносниот гол за металурзите со кој му ја донесе десеттата победа во ова натпреварување на својот тим.

Најефикасен на средбата беше токму Мојсовски со постигнати 8 погодоци

Металург моментно се трети со 33 бода од 14 средби. На чело е скопски Вардар со 41 бод но од 17 средби, а Загреб КО е втор со 38 бода од 15 средби.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.