среда, 22 февруари 2012, 18:31
Нико Хулкенберг најбрз на попладневните тестови во Барселона
Нико Хулкенберг имаше одлично претставување на тестовите во Барселона со најдобро време за денес. Пилотот на Форс Индија беше втор вчера и трети по утринската сесија. Попладнево тој имаше време 1:22.608 минути.
Втор се нареди возачот на Заубер, Серхио Перез со 1:22.648 минути. Светскиот шампион Себастијан Фетел остана на третото место, а по него се Фернандо Алонсо (Ферари), Даниел Рикардо (Торо Роро) и Луис Хамилтон (Мекларен).
Неофицијални резултати од денешните попладневни тестирања во Барселона:1. Нико Хулкенберг, Форс Индија, 1:22.608, 112 круга
2. Серхио Перез, Заубер, 1:22.648, 85 круга
3. Себастијан Фетел, Ред Бул, 1:22.891, 104 круга
4. Фернандо Алонсо, Ферари, 1:23.180, 87 круга
5. Даниел Рикардо, Торо Росо, 1:23.639, 50 круга
6. Луис Хамилтон, Мекларен, 1:23.806, 120 круга
7. Нико Розберг, Мерцедес 1:24.555, 82 круга
8. Волтери Ботас, Вилијамс, 1:25.738, 117 круга
9. Витали Петров, Кетерам, 1:26.605, 69 круга
10. Чарлс Пик, Марусија, 1:27.343, 108 круга