Rss feed

Останати Спортови

среда, 22 февруари 2012, 16:54

Фетел: Мекларен изгледаат силни

Фетел: Мекларен изгледаат силни
Светскиот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел го опиша како "крајно интригантно" темпото на Мекларен од првиот ден на вторите предсезонски тестови во Барселона.

Пилотот на Ред Бул оствари најдобро време на патеката "Херес" со резулатат 1:23.265 мин. додека конкурентот од Мекларен, Луис Хамилтон го имаше третото најдобро време во денот, беше побавен од Германецот за 0.325 сек.

Фетел сепак го сврте вниманието не толку на времињата колку на темпото на новиот болид MP4-27 во серијата извозени кругови.

"Мислам дека Мекларен се претставија многу силно", рече Фетел. "За останатите се уште е премногу рано да кажам што и да е"

"Се уште не сум го видел целосниот пласман со времињата, фрлив само поглед на долгите серии на Луис. Тие беа крајно загонетни", изјави светскиот шампион.

"Во оваа фаза се уште не можеме да зборуваме за титулата. Не мислам дека некој тука се обидува да се претстави полошо од минатата година, па ќе се обидеме барем да ги повториме резултатите од тогаш, но засега сме многу далеку", додаде Фетел.

24-годишниот пилот, кој во претстојната сезона ќе се обиде да ја освои третата титула, смета дека е премногу рано да се процени колку добар е новиот болид RB8.

"Очигледно можам да кажам за себе дека болидот е добар, но не знам дали е доволно добар. Мекларен изгледаат како вистински конкуренти. Мислам дека целта не им беше да проверат како се справува болидот во еден круг, туку во долгите серии", рече Фетел.

"На Херес Лотус се претставија изненадувачки добро, но не можам да кажам дали ќе продолжат така. Не успеаја да направат доволно извозени километри", продолжи Германецот.

"Ферари останаа тајна во оваа фаза и никој не може да каже дали се навистина добри или не. Само ќе почекаме и ќе видиме", заврши пилотот на Ред Бул.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.